Top Sport

Ериксен ги однесе Тотенхем во полуфинале (видео)

Тотенхем ќе имаат шанса на свој терен да се борат за финале во ФА купот, откако со 3:0 ги совладаа Свонси во четврт-финалето на гости.

Кристијан Ериксен имаше фантастични два гола за да се „крене“ на нивото на задачата во отсуство на Хери Кејн, а Ерик Ламела додаде уште еден гол во лесната победа на Спарси.

Данецот Ериксен го отвори резултатот со фантастичен „вртен“ гол од работ на шестнаесетникот по само 11 минути игра, а Тотенхем си помислија дека имаат 2:0 водство кога Сон Хеунг-Мин погоди од пречката, меѓутоа ВАР системот потврди дека се работело за офсајд.

Ерик Ламела го удвои водството пред полувремето со сигурен удар во аголот, пред Ериксен да погоди од далечина за убедлива победа.

Scroll to Top