Top Sport

Ериксен го нервирал Роналдо: Не беше многу среќен

Данскиот ветеран Кристијан Ериксен открива дека го нервирал Кристијано Роналдо на почетокот на сезоната во дебатата за тоа кој ќе изведува слободни удари за Манчестер јунајтед.

Ериксен стигна на „Олд Трафорд“ како слободен играч во летото 2022, и успеал да го изнервира Роналдо на еден од мечевите додека Португалецот беше во Јунајтед пред заминувето во Саудиска Арабија.

„Клубот има повеќе изведувачи н слободни удри, и ако некој има добар ден, тој ќе изведува. Изведов еден слободен удар на местото на Роналдо, и сигурен сум дека не беше многу среќен. Но, сега, со тројца изведувачи на слободни, гледаме да се менуваме“, вели Ериксен.

Ериксен е во триото изведувачи на слободни заедно со Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд, додека во средината на теренот игра покрај Фернандеш и Касемиро.

„Мислам дека добро се поврзавме. Ние сме тројца различни играчи, но играчи кои не се плашат да ја земат топката и да креираат нешто“, објаснува Ериксен.

Scroll to Top