Top Sport

Голманот на ПСЖ, Серхио Рико во сериозна состојба по коњичка несреќа

Шпанскиот голман на Пари Сен-Жермен, Серхио Рико е во „сериозна состојба“ по инцидент при јавање коњ, потврдија од францускиот клуб. Шпанецот се вратил во родната Севилја по 1:1 ремито со Стразбур вчера, по што се случила несреќата.

Неговиот агент потврди дека не се работи за паѓање од коњ, додека шпанските медиуми тврдат дека тој бил удрен од коњ во вратот. Тој веднаш бил однесен во болницата „Вирген де Росио“, каде што е неговото семејство и најблиските пријатели.

„Многу среќа и брзо опоравување“, напишаа од неговиот поранешен клуб Севилја.

Пари Сен-Жермен исто така ја потврдија несреќата.

„Пари Сен-Жермен е во постојана врска со неговите блиски. Целото црвено-сино семејство им дава целосна поддршка“, велат од ПСЖ.

Scroll to Top