Top Sport

Почетино се согласил да стане нов тренер на Челси

Маурисио Почетино веќе го потпишал договорот за да стане постојан менаџер на Челси пред последното коло од најлошата сезона на „сините“ во ерата на Премиерлигата, јавуваат повеќе англиски медиуми.

Челси сменија двајца менаџери оваа сезона – прво отпуштајќи го Томас Тухел (кој им ја донесе титулата од ЛШ) во септември 2022, пред да го заменат со Греем Потер од Брајтон, кој издржа 31 меч на клупата, за да го донесат Френк Лампард како привремен тренер за да ја приврши сезоната.

За испразнетото место имааше повеќе кандидати, но во последните неколку недели Почетино беше јасниот избор, иако тој е без работа откако доби отказ од Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната 2021/22.

Почетино има огромно искуство Премиерлигата, прво со Саутемптон, а потоа и со Тотенхем, со кои стигна до финалето на Лигата на шампиони во 2019 година.

Scroll to Top