Играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, се наоѓал на чекор до трансфер во Реал Мадрид, а некои медиуми објавија дека тој веќе потпишал преддоговор до „кралскиот клуб“.
Дооворот на што го има Ериксен со Тотенхем важи до крајот на оваа сезона што на фудбалерот му овозможува во јануари да преговара со заинтересираните клубови.
Англиските медиуми се уверени дека тој ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, додека шпански „АС“ тврди дека вербален договор помеѓу двете страни бил постигнат уште во јуни.
Реал и ова лето беа заинтересирани за Ериксен меѓутоа поради големото обесштетување што го поставиле од Тотенхем се откажале од трансферот.