Во екот на пандемијата со коронавирусот фудбалерот на Интер Кристијан Ероксен бил исфрлен од хотелот.
Данецот во јануари пристигна во Интер, веднаш по доаѓањето се сместил во хотел откаде што морал да замине бидејќи истиот морал да биде затворен поради ширењето на опасниот вирус.
Од клубот веднаш реагирале, му нашле стан во Милано каде ќе мора да остане во наредните 14 дена.
Милано е најголемото жариште на коронавирусот во Италија, поради што Ериксен ќе мора да остане во самоизолација.