Top Sport

Фудбалерите на Гремио протестираа со маски на лицата (Фото)

Фудбалерите на Гремио пред натпреварот со Сао Луиз на теренот излегле со заштитни маски во знак на протест што мора да играат иако во светот е прогласена пандемија од коронавирусот.

Протестот на играчите предводени од тренерот Ренато Порталупи е резултат на поплаките на многу клубови од цела Јужна Америка поради одлуката натпреварите да се играат зад затворени врати.

Апел до фудбалските челници да ја спуштат рампата, бидејќи играчите не се „супер луѓе“ и мора да бидат заштитени, упатил и тренерот на Фламенго, Жорге Жесус.

Во саботата Ривер Плата го заклучија стадионот одбивајќи да го играат натпреварот со Атлетико Тукуман.

Scroll to Top