Top Sport

Ериксен ќе остане во Брентфорд во знак на благодарност?

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен се врати во Премиерлигата и покажа дека е голем мајстор откако ги надмина проблемите со срцето. По немилата случка на Европското првенство, тој мораше да го напушти Интер, а Брентфорд му подаде рака и го врати во натпреварувачки ритам.

Сега Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Лестер се интересираат за него, а тој би можел да остане во Брентфорд. Како еден вид благодарност кон клубот кој му даде шанса за враќање по големите здравствени проблеми.

Одлуката Ериксен ќе ја донесе на крајот од сезоната, но нема да биде изненадување доколку реши да остане член на малиот лондонски клуб. Данецот од јануари одигра осум натпревари за Брентфорд, постигна еден гол и забележа две асистенции.

Scroll to Top