Данскиот фудбалер од средниот ред, Кристијан Ериксен призна дека е подготвен да си замине од Тотенхем по интересот на Реал Мадрид.
Ериксен и Тотенхем имаа одлична сезона во која играа во финалето на Лигата на шампионите (каде што загубија со 2:0 од Ливерпул), но очигледно е подготвен да го прифати интересот на поголемите клубови.
„Имам длабока почит за сè што се случи со Тотенхем и никогаш нема да го заборавам тоа и да мислам негативно за клубот. Но, исто така постојано кажувам дека сакам да се обидам со нешто ново. Се надевам дека ова лето ќе има објаснување и разрешница. Тоа е планот. Но, во фудбалот не знаеш кога ќе дојде таков момент“, вели Ериксен во интервју за данскиот весник „Екстра бладет“.