Top Sport

Ериксен се огласи од болничката постела, објави фотографија на Инстаграм

Кристијан Ериксен, утрово, се огласи на социјалните мрежи и објави фотографија од болницата во Копенхаген.

Ериксен, во саботата, колабираше на теренот, на натпреварот Данска-Финска. Лекарите, на Паркен стадионот, десет минути се бореа за неговиот живот. Откако успешно го реанимираа, тој беше префрлен во болница.

„Здраво на сите. Голема благодарност на вашите неверојатни пораки со поддршка, кој пристигнаа од целиот свет. Тоа многу ми значи мене и на поето семејство. Со оглед на она што се случи, јас сум добро. Морам да одам на уште некои испитувања, но се чувствувам добро“, напишал Ериксен на Интаграм и дополнил.

„Сега ќе навивам за соиграчите од репрезентацијата. Играјте за Данска“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Scroll to Top