Top Sport

Шампионски огномет за Новак Ѓоковиќ

Победникот на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, вчера од Париз се врати во Белград. Во вечерните часови, во ресторанот „Новак“, во негова чест била организирана прослава.

Најдобриот светски тенисер, во неделата, го победи Стефанос Циципас со 3-2 и го освои 19. гренд слем во кариерата.

На вечната листа, Ѓоковиќ, има еден гренд слем трофеј помалку од Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ, во ресторанот се појави со шампионскиот трофеј, а во негова чест бил организран огномет.

Српскиот тенисер неколку дена во Белград ќе ги „полни батериите“, а потоа ќе ги започне подготовките за Вимблдон. Неофицијалното светско првенство во тенис ќе започне на 28.јуни.

Scroll to Top