Top Sport

Ериксен: Тотенхем имаше многу среќа

Фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен смета дека тиј и неговите соиграчи имале среќа на патот до финалето во Лигата на шампионите, но верува дека Спарс можат да ја освојат титулата. Тотенхем утре во Мадрид ќе за противник во финалето ќе го имаат Ливерпул.

Тотенхем беа пред елиминација уште во фазата по групи, а во нокаут рундата влегоа бидејќи Интер не успеаја да победат против ПСВ Ајндховен (1:1).

На патот до финалето Тотенхем беа подобри од Борусија Дортмунд, Манчестер сити и Ајакс.

„Не знам дали тоа е судбина. Во овој момент можам да кажам дека имавме многу среќа. Прво против Сити, а потоа и против Ајакс. Беше драматично, за среќа, сè беше на наша страна“, рекол Ериксен.

Еден од новинарите констатирал дека фудбалерите на Тотенхем ќе станат легенди доколку го освојат трофејот, а Ериксен рекол.

„Тогаш ќе мора да продолжиме да победуваме. Тогаш луѓето на поинаков начин би го гледале нашиот клуб“.

Финалето во Лигата на шампионите в сабота ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top