Top Sport

Матип и Милнер ќе добијат нови договори

Англиските медиуми, во пресрет на финалето во Лигата на шампионите, во петокот објавија дека фудбалскиот клуб Ливерпул ќе им ги продолжи договорите на Џејмс Милнер и Жоел Матип.

Милнер и Матип влегуваат во завршните години од своите договори поради што челниците на клубот од „Енфилд“ решиле да ја продолжат соработката со нив.

Се претпоставува дека двајцата ќе добијат нови тригодишни договори.

Милнер има неделна плата од 120.000 фунти, а Матип 100.000 фунти, а се претпоставува дека со новите договори ќе добијат и повисоки плати.

Ливерпул утре во Мадрид, против Тотенхем, ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите.

Scroll to Top