Top Sport

Ерлинг Халанд, очигледно, не е човек за интервјуа (видео)

Ерлинг Халанд беше првиот стрелец по камбекот на Бундеслигата во саботата при 4:0 победата на Борусија Дортмунд над Шалке, по што ги изненади сите со необичното интервју по мечот.

По 10-тиот гол во само девет меча (од кои само шест како стартер), Халанд даваше само кратки одговори на прашањата на новинарот.

Прашање: „По крајот на мечот, заедно со сите соиграчи, отидовте на јужната трибина, славниот ’Жолт ѕид’, кој беше празен. Зошто го направивте тоа?“.

Одговор: „Зошто да не?“

Прашање: „Дали е тоа некоја порака која сакате да ја пратите?“.

Одговор: „Да“

Прашање: „Дали ќе ја кажете пораката?“.

Одговор: „До моите фанови“

Прашање: „Тие значат многу“.

Одговор: „Да“.

Прашање: „Благодарам! Задоволство е да се зборува со тебе“.

Одговор: „Благодарам“.

Фановите веднаш го споредија Халанд со Златан Ибрахимовиќ и неговиот стил на одговори при кратките прашања, но и со робот, кој едноставно е „произведен“ само да дава голови.

Но, како што покажува ова видео од претходните слични интервјуа на 19-годишниот тинејџер, очигледно тоа е едноставно неговиот стил.

Scroll to Top