Top Sport

Рома во огромни долгови, ги продава Заниоло и Пелегрини!

Рома најверојатно ќе мора да ги продаде своите најдобри фудбалери ова лето, вклучувајќи ги Николо Заниоло и Лоренцо Пелегрини поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот.

Претседателот Џејмс Палота се надеваше дека ќе го продаде клубот на „Фридкин групацијата“, но преговорите „заглавија“ поради корона вирусот, а оваа недела клубот објави дека има огромни долгови од 278.5 милиони евра, односно дека само во 12 месеци клубот се задолжил дополнителни 60 милиони евра.

Повеќе италијански извори се согласуваат дека ова значи продавање на ѕвездите. Талентираниот Заниоло останува највредниот фудбалер со цена од 80 милиони евра пред неколку месеци, и според „Ил темпо“ и „Кориере дело спорт“, Ливерпул се најзаинтересираниот клуб за фудбалерот кој се опоравува од скинати лигаменти во коленото.

Пелегрини, пак, има опција од 30 милиони евра за раскин на договорот, што дозволува заинтересираните клубови без преговори да го купат. ПСЖ се фаворити за поранешниот фудбалер од средниот ред на Сасуоло, но постои интерес и од Јувентус и Милан.

Scroll to Top