Top Sport

Ермедин Адем го одбрани Ѓорче Петров (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ЃП стигна до важна победа (1:0) против Академија Пандев и се врати во трката за третата позиција на табелата која носи излез на европска сцена. „Лавовите“ долго се обидуваа да го совладаат Марко Јовановски, кој беше одличен на голот на гостите. Идеална можност имаше Сефер Емини во осмата минута, но не успеа да реализира пенал.

 Во завршницата беше досуден и втор пенал за Македонија ЃП, одговорноста ја презеде искусниот Ермедин Адем и успеа да погоди. Тој го одбрани Ѓорче Петров и ги сочува бодовите за домашниот тим.

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top