Top Sport

Шампионот Милвоки со брејк во Бостон

Бостон Селтикс го доживеаја првиот пораз во плеј-офот. Шампионот Милвоки, предводен од Јанис Адетокумбо, стигна до важен брејк славејќи со 101:89 во Бостон.

Домаќинот на почетокот беше подобар противник, водеше во финишот на првата четвртина со 24:17, но потоа следеше серија од 10:0 на гостите, а кога дојдоа до предност речиси и да не ја испуштија.

Клучната серија Милвоки Бакс ја направи на почетокот на последниот период, кога Јанис Адетокумбо заигра во свој ритам. Во последните три минути гостите стигнаа до 99:85, што беше недостижно.

Јанис заврши со трипл-дабл, но имаше дури пет загубени топки. На крајот запиша 24 поени, 12 скока и 12 асистенции. Холидеј беше најефикасен кај Милвоки со 25 поени и 10 скока, а Тејтум кај Бостон беше стрелец на 21 поен.

Scroll to Top