Top Sport

Браќата Маркез се владетели на Мото ГП шампионатот

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез се врати на победите, откако по седми пат триумфираше на Германското ГП во Заксенринг, за да потврди дека ќе биде многу тешко да му се одземе титулата оваа година. Ова исто така е 10-та победа во 10 години на германската патека за Маркез, ако се сметаат настапите во Мото2 шампионатот.

Асот на Хонда триумфираше пред победникот на Холандското ТТ, Маверик Вињалес во Јамаха, додека Кал Крачлоу го освои последното место на подиумот. Во топ 10 беа и Данило Петручи, Андреа Довициозо, Џек Милер, Жоан Мир, Валентино Роси и Франко Морбидели.

Со победата и со петтото место на возачот на Дукати, Довициозо, Маркез додаде 14 поени на водството и сега има неверојатни 58 поени пред Италијанецот – нешто што претставува две победи и едно осмо место.

За викендот да биде совршен за семејството Маркез се потруди помладиот брат на Марк, Алекс Маркез кој стигна до четвртата победа во последните пет Мото2 трки доминирајќи во „средната“ класа во Германија.

Маркез Јуниор, кој беше и на пол-позицијата, имаше лош старт, но се врати за победа пред Јужноафриканецот Бред Бајндер и Германецот Марсел Шротер. Алекс Маркез исто така е лидер во генерален пласман со осум поени пред Томас Лути, кој беше петти.

Scroll to Top