Top Sport

Ешли Јанг упорен: Не ми се покака птица во уста (видео)

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг, првпат проговори за „славното“ видео од 2014 година, кога според речиси сите една птица му прати „подарок“ во уста.

Во текот на мечот со Свонси сити на „Олд Трафорд“, на снимката Јанг дава наредби на своите соиграчи, пред да влета некој објект во неговата уста. Ова стана „вирално“ видео на Интернет и уште се споделува по социјалните мрежи, но 34-годишниот дефанзивец вели дека не се работело за измет од птица.

„Не, тоа не се случи. Сум го кажал тоа стопати, и затоа не сум имал потреба да го споменувам во било кое интервју. Не ми е грижа. Знам дека видеото стана славно и сега дури и мојата жена и децата ми велат, да тогаш птица ти се покака во устата. Не, тоа не се случи.  Тоа видео не е вистинито – да ми се посра птица во устата, ќе реагирав, нели?“, вели Јанг.

Scroll to Top