Top Sport

Интер и Ајакс „излетаа“ од ЛШ, Борусија, Челси и Валенсија со „виза“ (видео)

Лигата на шампионите заврши за два тима кои се сметаа за фаворити пред стартот на овогодишното натпреварување, откако минатогодишните полуфиналисти Ајакс и силниот Интер на Антонио Конте загубија дома во клучното шесто коло и ќе мора да се задоволат со Лига Европа.

Интер на „Џузепе Меаца“ ја пречека Барселона без Лео Меси и со „комбиниран“ состав, но на крајот не само што не успеа да победи, туку загуби со 1:2, што заедно со победата од 2:1 на Борусија Дортмунд над Славија Прага значеше дека бундеслигашот оди како второпласиран од групата Ф.

Карлес Перез уште во 23. минута најави дека Каталонците дојдоа по победа во Милано, но голот на Ромелу Лукаку во финишот на полувремето ја врати надежта кај „нераѕурите“. Ансу Фати, тинејџерската сензација во 87. минута им „пресуди“ на Интер.

Ајакс пак, уште понеочекувано, загуби со 0:1 од Валенсија, што заедно со 2:1 победата на Челси над Лил, значи дека „копјаниците“ нема да можат да ја репризираат фантастичната мината сезона кога на патот до полуфиналето ги елиминираа Реал Мадрид и Јувентус.

На крај, во можеби најнеатрактивната група во ЛШ оваа сезона, имаше вистинска драма, откако Мемфис Депај со гол во финишот донесе 2:2 реми на Лион против Лајпциг, со кој го „протна“ својот тим во осминафиналето.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА Ф

Борусија Дортмунд – Славија Прага 2:1

Интер – Барселона 1:2

Табела: 1.Барселона 12, 2.Борусија Дортмунд 10, 3.Интер 8, 4.Славија П. 2

ГРУПА Х

Ајакс – Валенсија 0:1

Челси – Лил 2:1

Табела: 1.Валенсија 11, 2.Челси 11, 3.Ајакс 10, 4.Лил 1

ГРУПА Г

Бенфика – Зенит 3:0

Лион – РБ Лајпциг 2:2

Табела: 1.РБ Лајпциг 11, 2.Лион 8, 3.Зенит 7, 4.Бенфика 7

ИНТЕР – БАРСЕЛОНА

АЈАКС – ВАЛЕНСИЈА

БОРУСИЈА – СЛАВИЈА ПРАГА

ЧЕЛСИ – ЛИЛ

ЛИОН – РБ ЛАЈПЦИГ

Scroll to Top