Поранешниот бек на Челси и на англиската репрезентација, Ешли Кол, најверојатно ја заврши својата фудбалска кариера, откако второлигашот Дерби каунти не му понуди продолжување на договорот.
38-годишниот Кол се приклучи на Дерби, воден од неговиот поранешен соиграч Френк Лампард, во јануари и одигра 12 настапи, вклучувајќи го и поразот во баражот за влез во Премиер лигата од Астон вила. При пристигнувањето, тој изјави дека најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната.