Top Sport

Еспањол со еден гол против Мајорка го фрли „фенерот“ во Ла Лига

„Фенерџија“ во Ла Лига, екипата на Еспањол од Барселона попладнево триумфираше минимално со 1-0 против Мајорка и барем за кратко избега од последната позиција во лигата. За гостинската екипа повторно ниту на клупата за резерви го немаше македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.

Иако гостите од Мајорка во текот на целиот меч ја имаа иницијативата, Еспањол до трите бода стигна со само еден постигнат гол со глава кој беше дело на Раул де Томас во 58 минута.

Мајорка која како и Еспањол има 18 бодови во следното коло бодови за спас ќе бара против Алавес на својот стадион, додека Еспањол ќе гостува кај Севилја.

Scroll to Top