Top Sport

Пресврт триумф на Сасуоло кај „фенерџијата“ СПАЛ

Екипата на Сасуоло со гол постигнат во 90. минута успеа да направи целосен резултатски пресврт и да ги однесе трите бода од гостувањето кај екипата на СПАЛ во дуел од 23 коло на Серија А.

Иако во првото полувреме гостите имаа повеќе од иницијативата, сепак домашните со голот на дефанзивецот Кевин Бонифаци во 23. минута дојдоа во водство од 1-0.

До крајот на првиот дел Сасуоло константно напаѓаше, но без успех, резултатот остана непроменет.

Во вторите 45 минути гостите продолжија со атаците, а до израмнување стигнаа во 65 минута, откако домашниот играч Томовиќ невнимателно стартуваше по што Сасуоло доби пенал. Сигурен од белата точка беше Капуто за 1-1.

Кога „фенерџијата“ во Серија А се понадева дека ќе успее да земе барем бод од овој меч, Бога постигна гол за 1-2 и победа на Сасуоло.

Scroll to Top