Top Sport

Бурата „Сабина“ одложува во Бундеслигата, „Кијара“ беснее во Манчестер

Одложен е денешниот фудбалски натпревар од 21. коло во Бундеслигатата меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн. Причина е бурата „Сабина“ која прави проблеми во Германија и Холандија, а најавите се дека следува големо невреме.

Раководството на Бундеслигата одлучи мечот да биде одложен.

„По детална анализа на временските услови донесовме одлука овој натпревар да не започне“, се вели во соопштението на Борусија Менхенгладбах.

Не е познато кога ќе одигра овој меч, а засега нема најави за одложување на дербито во Бундеслигата во Лајпциг, меѓу истоимената екипа и актуелниот шампион, Баерн Минхен. Мечот треба да започне во 18 часот.

Одложување на меч, од безбедносни причини има и во Англија. Британските медиуми известија дека денеска нема да се игра натпреварот меѓу Манчестер Сити и Вест Хем поради бурата „Кијара“.

Од премиерлигашкиот шампион соопштија дека мечот против Вест Хем кој требаше да се игра денеска од 17.30 часот на стадионот „Етихад“ нема да биде одржан.

„Поради екстремните и ескалирани временски услови и во интерес на навивачите и безбедноста, денешниот натпревар од Премиерлигата против Вест Хем е одложен“ соопштуваат од Манчестер Сити.

Scroll to Top