Роберт Левандовски, во летниот преоден рок би можел да го напушти Баерн Минхен, тврди ЕСПН. За најдобриот играч во светот во 2020 година, сериозен интерес покажале Челси и Манчестер сити.
Договорот на Левендовски со Баерн истекува во јуни 2023 година. Баварците за напаѓачот барале обесштетување од 60 милиони евра.
33-годишниот напаѓач неколку пати изјавил дека кариерата ќе ја заврши во Баерн, меѓутоа би мошел да се премисли доколку добир добра финансиска понуда.
Манчестер сити се во потрага по напаѓач кој би дошол на местото на Серхио Агуеро, додека Челси се во потрага по класичен напаѓач.
Левандовски оваа сезона има постигнато 36 голови во Бундес лигата.