Top Sport

Етеми двоен стрелец за Истанбулспор против Фенербахче

Македонскиот фудбалски репрезентативец Валон Етеми беше двоен стрелец за Истанбулспор во ремито (3:3) против Фенербахче. Гостите дојдоа до реми со гол во судиското продолжение што го постигна Езе.

Етеми постигна гол од пенал во 57.минута, а девет минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Фенербахче за кој настапи Езгјан Алиоски.

Scroll to Top