Top Sport

Сериозни промени во Скудерија Ферари

Скудерија Ферари подготвуваат сериозни промени во пресрет на новата сезона. Добро информирани извори тврдат дека досегашниот шеф Маурицио Аривабене ќе замине од тимот, а на неговото место ќе дојде Матија Биното.

Ферари, добро влезе во минатата сезона, болидите делуваа добро на патеките, поради што се јавија надежите дека можат да ја прекина доминацијата на Мерцедес, меѓутоа работите се сменија по летната пауза и на крајот Хамилтон и Мерцедес лесно ги освоија титулите.

Поради тоа претседателот Доминик Еклан планирал промени во врвот. Тој сметал дека Биното бил вистинскиот човек за позицијата на која се уште е Аривабене. „Газата дело спорт“ пишува дека грешките во менаџирањето на тимот биле клучни што Ферари и во 2018 година ја изгубиле трката со Мерцедес.

„Ферари биле лоши во издавањето на тимските наредби, нешто што во Мерцедес брилијантно го одработиле“, сти во текстот.

Стратешките грешки најмногу биле видливи во квалификациите пред трката за Големата награда на Јапонија, кога тимот избрал погрешни гуми, а тимот имал проблеми со Себастијан Фетел и Кими Раиконен, бидејќи не можеле да го контролираат нивното однесување на трките во Германија и Италија.

Scroll to Top