Top Sport

Ето доби условна казна затвор за даночна измама во Шпанија

Африканската фудбалска легенда, а сега претседател на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето доби 22-месечна условна казна затвор за притајување на 3.5 милиони евра данок во Шпанија.

Според шпанските медиуми, поранешниот напаѓач на Интер и Барселона признал дека направил прекршок, но тврдел дека бил жртва на манипулацијата на неговиот поранешен агент, Хозе Марија Месалјес. Ето не пријавил данок за префрлувањето на правата на неговиот лик до „Пума“ и до Барселона од 2006 до 2009 година, користејќи офшор компании.

41-гоишниот Ето исто така ќе треба да плати дополнителна сума од 2 милиони евра како казна, но бидејќи нема кривично досие во Шпанија, нема да служи затворска казна.

Scroll to Top