Top Sport

Тен Хаг ги сака и Де Јонг и Ериксен – Јунајтед веќе нема да играат на „контри“

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг им посочил на водачите на клубот дека му се потребни пет засилувања ова лето, но дека клучно за неговиот план е да се засили средниот ред на тимот, со пристигнувањето на Френки де Јонг и Кристијан Ериксен, кои се најважниот дел од неговиот план на промена на стилот од игра со контранапади во фудбал со висок посед на топката, тврди порталот „Гол“.

Еден клучен играч без кого Тен Хаг смета дека не може да ја почне работата е ѕвездата на Барселона, Френки де Јонг, но „ѓаволите“ се наоѓаат во игра на нерви со каталонскиот клуб, со различни суми – Јунајтед сметаат дека понуда до 50 милиони фунти е доволна, но Барса очекува речиси 85 милиони фунти. Јунајтед им порачале на Барса дека се подготвени да се откажат од „потерата“ и да побарат алтернатива, но Тен Хаг инсистира дека го сака и Де Јонг и слободниот агент Кристијан Ериксен.

Заминувањето на Пол Погба, Немања Матиќ, Хуан Мата и Џеси Лингард создаваат дополнителни проблеми и иако Тен Хаг е подготвен да работи со намалена селекција на играчи, бара да му се донесат одредени играчи. Тен Хаг би сакал уште еден напаѓач, но и засилување во одбраната – Дензел Дамфрис од Интер е првиот избор, откако Џуриен Тимбер реши да остане во Ајакс. Пау Торес од Вилјареал е друга опција. Тен Хаг сака уште еден свој поранешен играч – Антони од Ајакс, како и напаѓачот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку.

 

Scroll to Top