Поранешниот камерунски напаѓач Самуел Ето морал да се огласи на „Твитер“ за да ја исправи грешката на порталот на „Газета дело Спорт“. Проблем бил во цитатот на поранешниот играч на Реал, Барселона, Интер, Челси…
„Го гледам Јувентус и…Не знам…Го имаат Кристијано Роналдо кој е најдобриот на сите времиња, го имаат феноменалниот Паоло Дибала“, со овие зборови „Газета дело Спорт“ го пренеле интервјуто на Ето за „Скај Спорт“.
Изјавата помалку делува изненадувачки бидејќи Ето дел од својата кариера ја мина во Барселона со Лионел Меси.
Кога шпанските медиуми ја објавиле веста Камерунецот веднаш реагирал.
„Еден од најдобрите. Најдобар е МЕСИ“, напишал Ето.
Во меѓувреме „Газета дело Спорт“ ја избришале веста од својата интернет страница.