Top Sport

Милвоки посилни од Бредли Бил, рекорден натпревар за Ембид (Видео)

Милвоки Бакс по едно продолжение славеа во Вашингтон 137:134. Дуелот мина во надигрувањето на Крис Мидлтон и Бредли Бил. Џоел Ембид против Атланта го одигра најдобриот меч во кариерата, а Џејмс Харден повторно одигра натпревар со 30+ поени.

Најдобриот тим во лигата Милвоки, испушти 18 поени предност во Вашингтон, со поените од линијата за слободни фрлања на Ерик Бледсо избори продолженија, во кои се истакна Мидлтон со девет поени во низа.

Мидлтон постигна 40 поени во победата на Бакс 137:134. Покрај Мидлрон кај Бакс се истакнаа Бледсо со 23 поени, односно Јанис Адетокумбо со 22 поени и 14 скока.

Бредли Бил одигра нестварен натпревар за Вашингтон, тој постигна 55 поени.

Џоел Ембид против Атланта постигна рекордни во кариерата 49 поени, на кои придодаде 14 скока. Камерунецот во третата четвртина имаше свое шоу со кое на нозе ги крена сите во „Велс Фарго“ арената.

Хјустон, без Расел Вестбрук, немаа проблеми во дуелот со еден од најслабите тимови во лигата, Њујорк Никс. Џејмс Харден погоди 14 шутеви од 25 обиди мечот го заврши со 37 поени.

Далас запишаа лесна победа над Минесота 139:123. Лука Дончиќ поради големата предност одигра само три четвртини. Словенецот мечот го заврши со 20 поени, девет скока и седум асистенции.

Резултати:

Кливленд-Мајами 125:119
Филаделфија-Атланта 129:112
Вашингтон-Милвоки 134:137
Бруклин-Орландо 113:115
Хјустон-Њујорк 123:112
Далас-Минесота 139:123
Јута-Финикс 111:131
ЛА Клиперс-Мемфис 124:97

Scroll to Top