Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, легендарниот Самуел Ето, со големи очекувања го дочекува Светското првенство во Катар.
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер, Челзи… верува во квалитетот на својот тим и без многу двоумење најавува атак на трофејот.
„Нашата цел е да го напуштиме Светското првенство на 18. декември. Нема да се предадеме“, изјави 41-годишниот Ето, кој на 118 натпревари во репрезентативниот дрес постигна 56 гола.
Камерун не успеал да ја помине групата на Мундијалите од Светското првенство во 1990 година, кога стигна до четвртфиналето.
Африканската селекција на Мундијалот во Катар ќе групата Г со Србија, Бразил и Швајцарија, двете најдобри селекции ќе обезбедат пласман во нокаут фазата.
Светското првенство започнува на 20. ноември, а финалниот натпревар е на 18. декември.