Top Sport

Еуфорија во Хрватска – Дополнителни летови за Доха

Хрватска, утре, ќе го игра четвртфиналниот натпревар против Бразил на СП во Катар. Поради големиот интерес на навивачите за овој натпревар, туристичките агенции во Хрватска воведуваат чартер летови за Доха.

Затоа се очекува Хрватска да има значително поголема поддршка од трибините отколку во осминафиналето со Јапонија.

За чартер летови до и од Доха (лет, трансфери до и од стадион и придружба по пат, без ноќевања), навивачите, треба да потрошат од околу 11 до околу 15 илјади куни (1.500 -2.000 евра).

Сепак од туристичките агенции се уште не можат точно да кажат колку хрватски навивачи ќе бидат во Катар во петок (16:00 ч.) на натпреварот, бидејќи дел од нив, како и досега, ќе патуваат и во сопствена режија.

Scroll to Top