Top Sport

Крсте Велкоски меѓу десетте најдобри стрелци во историјата на Сараево

Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски влезе во историјата на култниот босански клуб Сараево. Тој денеска на стадионот „Грбавица“ постигна еден гол во победата на Сараево над Игман од 2:0.

Тоа беше 64. гол за Велкоски во дресот на клубот од Кошево и со тоа се запиша меѓу десетте најдобри стрелци на ФК Сараево во историјата.

Велкоски се израмни на десеттата позиција со легендарниот Фрањо Ловриќ, а пред нив се Ален Авдиќ и Хусреф Мусемиќ (65 гола), Бошко Антиќ (67), Салих Шеховиќ (75), Вахидин Мусемиќ (83), Емир Обука (89), Добривоје Живков (90), Сафет Сушиќ (96) и Асим Ферхатовиќ Хасе (100).

Scroll to Top