Во интервју од 2018 година, Кристијано Роналдо зборуваше за тоа против кој дефанзивец му било најтешко да игра и одговорот ги зачуди сите – Ешли Кол.
Роналдо во кариерата играл против некои од најдобрите светски дефанзивци во седумте години со Манчестер јунајтед, но и подоцна во Реал Мадрид, но го избра трикратниот освојувач на Премиер лигата, Кол. Ова видео, од еден фан на Кол, покажува зошто.
Роналдо и во минатото зборувал за своето почитување на квалитетите на поранешниот фудбалер на Челси.
„Во текот на годините имав некои многу големи битки со Ешли Кол, тој е играч кој не ти дава ниту секунда да дишеш. Беше толку опасен кога беше на врвот на кариерата, брз, силен во стартовите. Знаев дека нема да биде лесно против него“, изјави Роналдо за магазинот „Коуч“ во 2016 година.
Сепак, Кол не возврати со иста мерка.
„Најмногу проблеми во играта ми создаваше Меси. Луѓето зборуваат за Роналдо, бидејќи играв почесто со него, но мислам дека да се чува Меси беше најтешкото нешто. Тој едноставно беше предобар за мене“, изјави Кол.
Wanted to wish @TheRealAC3 a very happy birthday. Ronaldo has said several times that Ashley Cole was his most difficult opponent. pic.twitter.com/orSznP2GpO
— Frank Khalid (@FrankKhalidUK) December 20, 2020