Top Sport

Евентуалниот пораз од Сити на Вила ќе и донесе 18 милиони евра

Во недела од 17 часот се игра последното коло во Премиер лигата. Манчестер Сити мора да ја победи Астон Вила на „Етихад“ за да ја одбрани титулата. Сити има бод повеќе од Ливерпул. „Црвените“, во последното коло ќе го пречекаат Вулверхемптон.

Доколку Манчестер сити ја одбранат титулата, Астон Вила ќе добие околу 18.000.000 евра бонуси поради трансферот на Џек Грилиш (26).

Да потсетиме, Грилиш минатото лето пристигна од Астон Вила за 117.500.000 евра, а во договорот има клаузула според која Сити мора да и плати бонус на Вила доколку ја освои титулата во Англија.

Тоа многу веројатно би можело да се случи во недела, кога Сити и Астон Вила ќе се сретнат во Манчестер. Грилиш на 39 натпревари постигна шест гола и четири пати асистираше.

Scroll to Top