Top Sport

Евертон го потврди трансферот на Онана

Белгискиот репрезентативец Амаду Онана е нов играч на Евертон, потврдија од клубот. Евертон успеа да го надмине Вест Хем и да го обезбеди потписот на 20-годишниот играч од средниот ред кој потпиша петгодишен договор.

Клубот за овој трансфер ќе плати 36 милиони евра плус четири милиони потенцијални бонуси. Лил на тој начин направи исклучително добра зделка бидејќи лани го донесе Онана од Хамбург за само шест и пол милиони евра, а од следната продажба ќе добие 20 отсто.

Онана е петтото засилување на Евертон оваа сезона. Тимот на Френк Лампард пред него го засилија Конор Коуди, Двајт Мекнил, Рубен Винагре и Џејмс Тарковски.

Евертон објави и дека Онана ќе го носи дресот со број осум во чест на својот идол Коби Брајант.

Scroll to Top