Top Sport

Серена Вилијамс објави дека ќе ја заврши фантастичната кариера

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Американката Серена Вилијамс најави крај на фантастичната кариера. Таа се надева дека ќе игра на УС опен, кој е закажан за крајот на август, а потоа и дефинитивно ќе му каже „збогум“ на тенисот.

„Доаѓа момент во животот кога решаваме да тргнеме во друг правец. Почна одбројувањето. Морам да се фокусирам на тоа да бидам мајка, на сите духовни цели и конечно да откријам поинаква, но возбудлива Серена. Ќе уживам во следните неколку недели“, напиша Вилијамс.

Серена Вилијамс освои 23 гренслем-титули во кариерата, а има вкупна заработка од 94,5 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Scroll to Top