Top Sport

Малку се избрза, дечко! Навивач на Јунајтед го запали дресот на Роналдо

Иако според сите информации ќе се официјализира враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед по 11 години, во неверојатен пресврт на трансфер-пазарот ова лудо лето, еден навивач на „ѓаволите“ стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако реши да го изгори дресот на Португалецот по шпекулациите дека ќе заврши во лутите градски ривали, Манчестер сити.

Сепак, нема грижа. Веб-шопот на Манчестер јунајтед секако ќе му дозволи да си купи нов дрес, кога Португалецот ќе пристигне на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top