Евертон го отпуштија менаџерот Роналд Куман по убедливиот домашен пораз од Аренал од 5:2 со кое паднаа во зоната на испаѓање во англиската Премиер лига.
„Му благодариме на Роналд за услугите за нашиот тим во последните 16 месеци“, се вели во соопштението на тимот од Ливерпул.
„Карамелите“ се 18. во лигата и имаат само две победи во последните девет натпревари и покрај тоа што потрошија 140 милиони фунти во текот на летото на засилувања, вклучувајќи го најскапиот англиски голман Џордан Пикфорд, како и враќањето на легендата на клубот, Вејн Руни. Куман лани ги предводеше Евертон до седмото место во лигата и пласман во Лигата на Европа.
54-годишниот Холанѓанец е трет менаџер кој добива отказ од стартот на сезоната, откако неговиот сонародник Франк де Бур беше отпуштен од Кристал Палас, додека Лестер го отпуштија Крег Шекспир.
Главниот акционер на Евертон, Фарад Мошири му даде поддршка на Куман по 1:0 поразот од Барнли, но оттогаш тие одиграа реми со Брајтон, загубија од Лион во ЛЕ (за да ги намалат шансите за пласман), пред тешкиот пораз од Арсенал.
Се верува дека поранешниот менаџер Дејвид Мојс е главен кандидат за испразнетото место.