Евертон го победи Манчестер јунајтед со 4:0 за да им ги уништи надежите за пласман во Лигата на шампионите следната година и да ја продлабочи кризата во тимот на Оле Гунар Солксјер.
Во апсолутно фантастичен меч за „карамелите“ уште еднаш се покажаа сите слабости на „ѓаволите“, од обраната, од Давид де Хеа на голот, до безидејниот напад и среден ред.
Ришарлисон со прекрасен гол со „ножички“ и Гилфи Сигурдсон со удар од далечина донесоа 2:0 водство во првото полувреме. Кога требаше да се „сврти“ мечот во второто полувреме, Лукас Дињ им даде убав гол од далечина во 56. минута, а осум минути подоцна по лоша грешка на одбраната, Тео Волкот додаде уште еден гол.
Јунајтед остануваат на шестото место на табелата со 64 поени, два помалку од Арсенал и Челси (66) и три зад Тотенхем (67). Евертон, сега, се седми со 49 поени, колку што имаат и Ватфорд и еден повеќе од Вулверхемптон и Лестер.