Премиерлигашите Евертон и Саутемптон „преживеаја“ во 1/32 финалето на англискиот ФА куп по продолженија, откако губеа на гости кај противници од Чемпионшип.
Евертон прими гол уште во 45. секунда кога Хал сити поведоа преку Тејлор Смит, но се вратија да водат 1:2 на полувреме со головите на Демарај Греј (21.) и Андре Гомеш (31.). Хал израмнија преку Лонгмен во 71. минута, но ветеранот Андрос Таунзенд во 99. минута го постигна победничкиот гол за тимот на Рафа Бенитез.
Саутемптон, пак, имаа 1:1 по регуларните 90 минути на гости кај Свонси, пред Беднарек да си постигне автогол за 2:1 водство на велшкиот клуб. Сепак, „светците“ се вратија со головите на Елјунуси и Лонг за 2:3 победа.
ФА КУП, 1/32 ФИНАЛЕ
Бирмингем – Плимут 0:0, 0:1 по продолженија
Хал – Евертон 2:2, 2:3 по продолженија
Свонси – Саутемптон 1:1, 2:3 по продолженија
Јеовил – Бурнемаут 1:3