Top Sport

Линделоф ја бојкотира шведската репрезентација поради пријателот Гуидети

Бекот на Манчестер јунајтед, Виктор Линделоф го одби повикот на селекторот Јане Андерсон за мечевите на Шведска против Романија и Норвешка, поради „лични причини“, иако шведските медиуми тврдат дека ова е одговор на изоставувањето на неговиот најдобар пријател, напаѓачот на Алавес, Џон Гуидети од репрезентацијата.

Гуидети и Линделоф беа дел од репрезентацијата на Светското првенство во Русија, каде што „трите круни“ загубија од Шведска во четврт-финалето.

„Жал ми е што Виктор реши да замине, но ја почитувам неговата одлука“, вели селекторот Андерсон.

Линделоф, кој освои три португалски титули со Бенфика пред во 2017 да дојде во Јунајтед, нема играно заедно со Гуидети, но двајцата станаа блиски пријатели преку дружбата во репрезентацијата.

Scroll to Top