Top Sport

Евертон: Не сме се договориле со Анчелоти

Фудбалскиот клуб Евертон со соопштение се обрати до јавноста по шпекулациите дека Карло Анчелоти ќе биде новиот тренер. Челниците на клубот од „Гудисон парк“ тврдат дека на ниту еден тренер не му понудиле договор.

„Скај Спрот“ доцна синоќа објавија дека искусниот италијански тренер договорил соработка со клубот од Ливерпул.

„Поминаа 11 дена откако марко Силва го напушти клубот, ние се уште сме во потрага по нов тренер. Одржавме состаноци со неколку кандидати. Можеме да потврдиме само дека на ниту еден од нив не му е понуден договор, но и дека ниту еден од нив не е исклучен од процесот во кој клубот бара нов тренер“, се наведува во соопштението.

За потсетување Португалецот Марко Силва, порад лошите резултати, доби отказ на 5 декември. Евертон како привремено решение го избраа Данкан Фергусон.

Од друга страна Карло Анчелоти се раздели со Наполи на 11 декември.

Scroll to Top