Евертон со 10 играчи на теренот успеа да стигне до драматична 1:0 победа над Њукасл за да освои клучни три поени во борбата за опстанок во Премиерлигата
Иако имаше доволно шанси на двете страни за мечот да не биде здодевен, најинтересниот момент се случи во 49. минута, кога еден навивач на Евертон влезе на теренот и се заврза за стативата со маичка во која протестираше против користењето на фосилните горива. Евертон остана со играч помалку по црвениот картон за Алан за лош старт во 81. минута, но Њукасл не успеа да го искористи ова, туку во 99. минута дозволи Алекс Ивоби да постигне гол за голема победа на тимот на Френк Лампард
Евертон остануваат на 17. место со 25 поени, три пред Вотфорд во зоната за испаѓање (иако имаат два меча помалку), додека Њукасл се малку посигурни на 14. место со 31 поен.
El gol de Alexander Iwobi.#Everton 1-0 #Newcastle #PL ???????pic.twitter.com/aKaNKjsGJM
— Bauti (@Bau_Nickk) March 17, 2022