Откако на „Виталити“ загубија со 4:1 од Борнмут во третото коло на Англискиот лига куп, притисокот на менаџерот на Евертон, Френк Лампард ќе се зголеми, а англиските букмејкери го сметаат за најверојатно следниот тренер кој ќе добие отказ.
По раниот гол на Џамал Лоу, пред полувремето Џуниор Станислас зголеми на 2:0, пред Демарај Греј да ја врати надежта на гстите. Но, „карамелите“ потоа успеаја да примат два гола за четири минути преку Емилијано Маркондес и Џејдон Ентони, а интересно, Лампард го очекува нов дуел со Борнмут во текот на викендот во Премиерлигата.
АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 1/16 ФИНАЛЕ
Борнмут – Евертон 4:1
Бристол сити – Линколн 1:3
Барнли – Краули 3:1
Лестер – Њупорт 3:0
Милтон Кејнс – Моркемб 2:0
Стивениџ – Чарлтон 1:1, 4:5 пен.
Брентфорд – Гилингем 1:1, 5:6 пен.