Top Sport

Нова „сопка“ на Милан, само нула кај Кремонезе

Актуелниот шампион Милан, не успеа да го заддржи темпото со лидерот Наполи, одигрувајќи само 0:0 на гостувањето кај Кремонезе, дозволувајќи „партенопеи“ да имаат осум поени предност по 14 одиграни кола во италијанскиот шампионат.

И покрај тоа што Милан имаше над 70 отсто од поседот на топката и повеќе од играта и иницијативата, нападот на тимот на Стефано Пиоли во отсуство на суспендираниот Оливие Жиру, едноставно не направи доволно. Своја шанса доби Дивок Ориги, но неговиот гол во 56. минута беше поништен поради офсајд.

За „росонерите“ ова е втор меч во последните три во кои не успеваат да победат и сега имаат 29 поени, осум помалку од лидерот Наполи. Кремонезе, по фантастичното седмо реми во 14 меча (уште немаат победа), се на 18. место на табелата.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top