Патрис Евра открива дека бил питач пред продавниците во Париз додека бил бездомник, но инсистира дека не би сменил ништо од неговото детство, бидејќи тоа му помогнало да го иззгради карактерот.
Евра имаше успешна фудбалска кариера од 20 години, во кои играше во Монако, Манчестер јунајтед и Монако, и беше сметан за еден од најдобрите леви бекови на својата генерација, со дури 81 настап за француската репрезентација.
Тој открива дека пораснал во сиромаштија и во глад на улиците на француската престолнина.
„Да бидам искрен, детството беше тешко бидејќи имам многу браќа и сестри и не беше лесно да се живее на улица. Бев во Париз и понекогаш немавме што да јадеме. Се сеќавам дека мојот брат Доминик работеше во ’Мекдоналдс’ и одев таму за да јадам нешто. Не се срамам да кажам дека питав за пари пред продавниците, барајќи по некое евро. Беше тешко, но бев среќен. Не би го сменил бидејќи не би бил истиот човек. Научив многу на улиците“, открива Евра.
Тој објаснува дека не сака да добива симпатии, туку само се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира децата.
„Јас не сум жртва, не се чувствувам тажен. Не сакам да сочувствуваат со мене бидејќи го кажувам ова, туку само ја кажувам приказната. Сакам да ги мотивирам децата да не се предаваат. Ако веруваат дека ќе бидат некој, тогаш ќе бидат. Тоа е тоа“, додава Французинот.