Top Sport

Евра јадеше од тревата на „Олд Трафорд“

Патрис Евра секогаш бил помалку „лудак“, како што знаат тие кои го следат поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед на социјалните мрежи и тоа го покажа уште еднаш директно на телевизија кога гостуваше како коментатор на мечот на „ѓаволите“ против Тотенхем. На прашање како се чувствува што е пак на „Олд Трафорд“, тој реши да проба од тревата на теренот.

„Ова е навистина посебно место. Дома. Јас го викам дом. Малку има ветер, но не се грижете ќе кажам да ја исклучат климата. И секако, кога ќе дојдам тука, секогаш пробувам од тревата. Да, малку удира на лук, но вкусот е ист. Ова е мојот дом. Бон апети“, изјави Французинот јадејќи од тревата на теренот.

Тјери Анри едвај се воздржа.

Scroll to Top