Top Sport

Лаутаро вети дека нема да се „штеди“ за Мундијалот

Додека аргентинските фудбалски фанови се „тресат“ околу достапноста на Пауло Дибала и Анхел ди Марија за Светското првенство во Катар, напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез вели дека нема шанси да се „штеди“ додека игра за својот клуб.

Лаутаро, кој има 5 гола за Интер оваа сезона, би требало да го предводи нападот на Аргентина на Мундијалот, и иако „гори“ од желба да се докаже и во националниот дрес, тој посочува дека нема да има „штедење“ во преостанатите мечеви.

„Според мене, треба да играш исто како и секогаш, бидејќи ако се штедиш, ризикуваш тоа да се сврти против тебе. Секогаш играм на мојот начин и никогаш не се штедам. Секако, потоа ќе си посекам среќа. Му пратив порака на Анхел по неговата повреда, но тој вели дека е смирен и дека ќе се врати за 20 дена. Се надевам дека и Пауло бргу ќе се врати, бидејќи двајцата се многу важни за нас“, вели Мартинез.

Scroll to Top